Designing Navigation

Типови на навигација

Navigation bar (Навигациско мени)

Наједноставен пристап кон навигација е навигациско мени, кое може да биде хоризонтално или вертикално. Навигациско мени може да биде употребено и кај едноставни и кај комплексни веб сајтови. 

Хоризонтално навигациско мени се простира долж ширината на страницата, вообичаено на самиот врв на истата или под логото. Може да ги содржи истите информации на секоја страница или да се менува зависно од секцијата во која се наоѓа корисникот. 

Хоризонтално навигациско мени е соодветно кога:
-Имаме мал број на ставки од прво ниво кои ги собира во ширината на страницата.
-Мала е веројатноста за додавање на нови ставки од прво ниво.
-Ознаките на ставките се кратки и едноставни.
-Мала е веројатноста да го преведуваме сајтот на друг јазик кој користи долги имиња и ознаки.

Едноставно хоризонтално навигациско мени

Вертикално навигациско мени претставува листа од ставки кои се наоѓаат најчесто на левата страна од страницата и се најкорисни кога:
-Имаме повеќе ставки од прво ниво кои не ги собира долж ширината на страницата.
-Можно е додавање или менување на ставки.
-Некоие ставки имаат долги имиња.
-Сакаме да го преведеме сајтот на друг јазик.

Вертикалната навигација е исто така корисна за хиерархиски сајтови кои немаат многу под-нивоа. Иако е поверојатно дека ќе наидете на навигациско мени на левата страна од екранот, нема посебна причина зошто истото да не биде на десната страна, секако доколку тоа е естетски убаво и практично.

Едноставно вертикално навигациско мени

Inverted L (Инвертирана L)

Со комбинирање на хоризонтални и вертикални навигациски менија се добива „превртена L“ навигација. Оваа дизајн шема вообичаено има хоризонтално навигациско мени кое е конзистентно долж ширината на сајтот, и вертиканло навигациско мени за секоја секција на сајтот.Овој пристап е корисен за обемни сајтови, особено за сајтови кои имаат многу под-нивоа.

Tabs (Јазичиња)

Навигација со јазичиња претставува уште една варијанта на хоризонтално навигациско мени и е наменета за истот тип на веб сајтови.
Главната разлика е во тоа што кај јазичињата секогаш има барем второ ниво на категории и е важно истите визуелно да се поврзат со категоријата на која припаѓаат од првото ниво со цел корисниците да знаат точно во кој дел од сајтот се наоѓаат.

„Инвертирана L“ навигација е најкорисна кога се работи за веб сајтови со помала содржина.

  • Точно
  • Неточно