Е-трговија и Претприемништво

Целта на овој курс е да се изучат сите аспекти на успешно работење во областа на Е-трговија и Претприемништво преку интерактивна содржина во процесот на учење на далечина.

Што е Е-тровија?

Неколку зборови за Е-трговија

Електронска трговија е израз кој во себе содржи два поима, кои во продолжение се објаснети.

Првиот термин „електронска“ се однесува на средството (медиумот) преку кој се извршува дејствието. Под овој термин може да се подразбира секој начин (форма) на комуникација кој исклучува физички контакт меѓу учесниците во прометот, а вклучува некаков вид електронско средство. 

Вториот термин трговија се однесува на дејствието (трансакцијата) кое се спроведува преку одредено електронско средство. 

Историја на Е-трговија

Значењето на електронската трговија е менувано во текот на изминатите 30 години. На почетокот под електронската трговија се подразбирало електронско олеснување на комерцијалните трансакции, користејќи технологија како EDI и EFT. Оваа технологија е измислена во доцните 1970-те год. Зголеменото прифаќање на кредитните картички и телефонското банкарство во 1980-те год. се исто така форми на електронска трговија.

Како друга форма на електронска трговија може да се спомене авионската резервација, која во тој период била карактеристична за Sabre во САД и Travicom во Англија. Електронското купување се појавува во 1979 год. во Англија од страна на Michael Aldrich и за време на 1980-те год. екстензивно е користено, особено од страна на автомобилските производители, како што се Ford, Peugeot, General Motors, Nissan.

Од 1990-те год. па навака, електронската трговија вклучува и планирање на ресурсите во претпријатијата, рударење по податоци и складирање на податоци.До 1991 год. трговското користење на Интернетот беше стриктно забрането. Иако Интернетот стана доста познат околу 1994 год. потребни биле 5 год. за изградба на сигурносни протоколи.

Типови на Е-троговија

Индиректна

Индиректната електронска трговија подразбира електронско нарачување (купување) на стоки кои имаат материјална форма, мора да бидат физички доставени и кои зависат од бројни надворешни фактори, како што се транспортниот систем и поштенски услуги. 

Директна

Директна електронска трговија подразбира електронско нарачување, плаќање и доставување на нематеријални (недопирливи, дигитални) стоки и услуги, како што се на пример компјутерските програми или забавните содржини (музика, филм, книга).

Кога се појавува електронското купување и каде?

  • 1979 год, во Англија
  • 1979, во Италија
  • 1989, во Англија

Како функционира Е-трговијата?

Кратко објаснување

Суштината на е-трговијата се базира на користење на интернетот како средство преку кое продавачот и купувачот комуницираат и го склучуваат договорот за купопродажба, односно се врши нарачката и плаќањето на производите и услугите. За да се направи нарачката се користат веб-базирани софтверски апликации, познати и како потрошувачки кошнички (shopping cart), додека пак за потребите на плаќањето се користи посебен веб портал за плаќање.

Главно средство за плаќање се кредитните и дебитните картички и електронските пари како електронски сурогат на банкнотите кои се користат за плаќања во електронска форма. Самата трансакција се реализира преку посебни портали за плаќање т.н. платежни процесори (payment processors).

Заради идентификација на купувачот најчесто се користат корисничко име и лозинка, додека пак многу ретко се користат дигиталните сертификати. Заради безбедност на трансакцијата потребно е веб локацијата на продавачот да користи систем за криптирање на трансакциите (SSL - Secure Socket Layer), а во последно време се користи и безбедносен код (secure code) на кредитните картички.

Засегнати страни

  • продавач (интернет трговец),
  • купувач (потрошувач, клиент),
  • банки (банка издавач на картичката на купувачот и банка опслужувач на сметката на трговецот), и
  • платежен процесор како институција која го опслужува порталот за плаќање.

Како се врши трансакција преку интернет?

Регистрираниот потрошувач пребарува по интернет продавницата, ги избира производите или услугите, начинот на испорака и плаќање и по кликнување на соодветно копче ја потврдува нарачката. Во истиот момент, системот на интернет трговецот испраќа информации за самата нарачка до платежниот процесор. Платежниот процесор комуницира со банките и тоа: а) со банката која ја издала кредитната картичка преку која се врши плаќањето и б) со банката во која интернет трговецот има сметка. 

Банката која ја издала кредитната картичка го дозволува или одбива плаќањето на нарачката, во зависност од тоа дали клиентот има парични средства на картичката. Откако ќе се дозволи плаќањето, преку платежниот процесор се префрлаат парите од сметката на купувачот на сметката на продавачот, по што продавачот ги испорачува стоките или услугите.Your heading text goes here

За да се направи нарачката се користат

Главно средство за плаќање се

Стратегии за успех во Е-трговија

Фокус на мал маркет

Наместо да се обидувате да се натпреварувате со доминантните играчи на Интернет кои имаат веќе бренд и имаат големи шанси да ги уништат помалите конкуренти, подобро е да се фокусирате на некој помал маркет. Малите компании се ограничени ресурси и обично се поквалитетни. Идејата е да се концентрираат клиентите во нешто помало и да се занемарат гигантите.

Развој на конкретна област

На интернет, до конкурентите може да се стигне со еден клик. За да се привлечат клиенти и тие повторно да се вратат кај вас, компаниите открија дека е потребно да понудат повеќе од само квалитетни производи и одлична услуга за корисници:

  • Развој на заедница со клиенти кои имаат иста област на интерес
  • Можност да се споделува содржна на социјални мрежи и да се купува преку истите
  • Интеракција со другите клиенти преку вашата платформа

Слушајте што имаат да кажат клиентите и применувајте го тоа

На социјалните медиумите, клиентите често зборуваат за брендовите што ги купуваат и компаниите со кои тие комуницираат. Успешните компании прават напори да ги слушаат корисниците што имаат да кажат за нив на социјалните медиуми и да одговорат соодветно на овие информации. Коментарите на клиентите, и позитивни и негативни, играат важна улога во репутација на компанијата од кога било досега. Некои негативни коментари се неизбежни, а најлошото нешто што компанијата може да го направи е да ги игнорира, бидејќи клиентите не ги игнорираат.

Привлечете ги корисниците со користење на зборот „Бесплатно“

Многу успешни е-трговци согледале дека луѓето обожаваат кога добиваат нешто гратис. Затоа за да ги привлечете клиентите добро би било да им поклоните нешто дополнително од нивната нарачка. Верувајте тие повторно ќе се вратат и ќе купуваат се почесто. Истотака интересна опција е да испраќате електронска пошта со информации за тоа што може да добијат бесплатно во одреден период.

Одберете кои се добри совети за успех во Е-трговија

  • Бидете им лесно достапни на клиентите
  • Може да се внесуваат информации од платежни картички преку било кој канал
  • Лесна навигација на вашиот сајт
  • Повремено прикажување на правата и политиката на компанијата
  • Често прикажување на грешки на сајтот

Е-Трговија во Македонија

Вовед

Интернет трговијата во Македонија е слабо развиена. Во Македонија веќе постојат модели на електронска трговија кои се применуваат во мал обем без дефинирани услови за безбедност и сигурност кај корисниците. Пазарувањето преку Интернет со кредитна картичка стана реалност пред околу година дена, но кај компаниите речиси и да не се применува. Бројот на фирми кои нудат можност да продаваат преку Интернет се уште е многу мал. Околу 35 компании по електронски пат продаваат компјутерска опрема, фармацевтски производи и книги. Бизнисмените од информатичката комора велат дека банките се најголем виновник за неразвиеноста на електронската трговија, бидејќи сакаат голем дел од заработувачката и земаат огромни провизии.

Доверба кај клиентите

За да се изгради довербата кај потрошувачите, потребно е да постои ефикасно средство за спроведување на договорите, како во пишан, така и во електронски облик, односно правната рамка да обезбеди електронските документи да имаат исто значење како и пишаните документи. Ова ја наметнува потребата од донесување на соодветна регулатива за електронската трговија со која ќе се дефинираат условите за безбедност и сигурност при вршењето на веќепостоечките електронски услуги во областа на е-трговијата.

Главен проблем за развој на Е-трговија

Проблемот се јавува кај банките, бидејќи потребни се вложувања од нивна страна за да можат технички, но и лиценцно да се опремат. Принципалиите на кредитните картички кои тие ги застапуваат во Македонија (пр. Мастеркард, Виза), бараат доста големи средства за да им дозволат издавање на т. н. POS-ови, то ест извршување на трансакции со уплати преку Интернет. Тука е и прашањето на техничката опременост на банките, воспоставување на можноста нивните авторизирани опслужувачи да работат и со барања доставени преку Интернет.

Поврзи ги соодветните термини

  • Е-трговија во Македонија
    Слабо развиена
  • Број на компании кои нудат Е-трговија
    Многу мал
  • Главен проблем
    Банките
  • Доверба кај клиентите
    Договор во пишан и електронски облик
  • Безбедност и сигурност
    Нова регулатива

Иднината на Е-трговија

Вовед во развој на Е-трговија

Развојот и можностите за електронска трговија е поголема од кога и да е било порано. Сè повеќе и повеќе од корисниците се пренасочуваат кон онлајн купување, па поради тоа е-трговците треба да ги знаат најголемите трендови во индустријата и да ги инкорпорираат во своите бизнис модели со цел да ги обезбедат услугите и искуството кое клиентите го сакаат.

Растот на е-трговијата носи до постојано менување на потрошувачките трендови и навики, па затоа од суштинско значење за е-трговците е брзо да се приспособуваат на потребите на пазарот и да не заостануваат во однос на конкурентите.

Прегледи и оценки

Review marketing (прегледи, оценки) му овозможуваат на корисникот да даде искрен фидбек на неговото искуство за тој што ја нуди услугата. Колку повеќе позитивни оценки и препораки се добиваат, толку е подобра сликата за бизнисот. Воедно, ова е одличен бесплатен маркетинг. Бизнисите кои ги покажуваат негативните критики наместо само позитивните генерално добиваат поголема доверба од корисниците бидејќи покажуваат искреност и транспарентност. 

Содржина генерирана од корисниците

Се покажало дека содржината генерирана од корисниците е за 20 проценти поинфлуентна отколку содржината создадена од било кој друг кога станува збор за влијание врз миленијалците. Ваквиот начин на комуникаицја дополнително ја зајакнува конекцијата помеѓу давателот на онлајн услуги и корисникот. Сајтовите на е-трговците е потребно да ги охрабруваат своите корисници да објавуваат сопствени содржини а за тоа да добијат награда (repost на објавата, попуст итн.)

Мејл комуникација

Препорачливо е избегнување на многу мејл известувања, без некоја посебна причина. Мејловите како алатка на е-трговците имаат ефект кога се испраќаат на корисник кој го напуштил сајтот без да ја заврши до крај нарачката, недовршени трансакции или пак корисник кој долго време не искористил никаква услуга. Корисниците ваквиот начин на комуникација најверојатно ќе го протолкуваат позитивно, во насока дека тие се навистина ценети и важни за трговецот, а ова ќе ги направи склони да останат верни корисници.

Augmented reality или Virtual reality

Искористување на дигиталните технологии за овозможување на генерирана претстава за: 

  • физичкиот, 
  • реалниот свет
  • опкружување преку камери, видеа и слики. 

Ваквиот начин на комуникација веќе е употребуван од дел од е-трговците, а најдобар пример за ова е играта Pokemon Go, која се здоби со милиони корисници во 2016 година, а е AR игра која овозможи во реално време и во секојдневно опкружување да се фаќаат покемони. Се претпоставува дека во 2018 година, 171 милиони луѓе ќе го користат овој начин на промоција и комуникација на своите услуги, на пример како виртуелна посета на шопинг центри.

Дигитално плаќање

Зголемувањето на употребата на телефоните при онлајн купувањето ја истакна потребата од брз и едноставен начин за дигитално плаќање. Сигурноста која овој механизам за плаќање ја нуди е поен плус за негова употреба, а многу од е-трговците нудат попусти или други бенефиции доколку платиш онлајн. 23% од дигиталните плаќања се направени преку смартфони, 19% преку таблети и 16% преку десктоп уреди.

Chat boots

На купувачите доста често им треба совет, насока или решение по завршувањето на работното време на трговците, а во денешно време очекуваат посакуваниот одговор да го добијат инстантно. Chat boots на веб сајтовите на е-трговците претставуваат сервис за грижа на корисници кој работи 24/7 со цел барањата да бидат одговорени без да има потреба да се чека до наредниот ден. Купувачите ги ценат ваквите опции, особено доколку нивниот проблем/барање е решено веднаш, а преку ова индиректно се гради и репутацијата на трговецот.

Достава истиот ден

Кога почна да се развива е-трговијата, купувачите го имаа прифатено фактот дека се потребни повеќе денови за да се случи достава. Меѓутоа, сега веќе никој не сака да чека повеќе од 1-2 дена. Податоци од истражување покажуваат дека 30% од купувачите ќе доплатат повеќе пари за продукт купен онлајн, само за да им биде доставен истиот ден. Многу е-трговци воспоставуваат мрежи за дистрибуција на ниво на локални центри за да може продуктите многу побрзо да бидат доставени до купувачите. Ова воедно го намалува товарот на центрите за испорака и централизираната достава.

Предложете како би можела да се подобри Е-трговијата во Македонија

Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry. Lorem Ipsum has been the industry's standard dummy text ever since the 1500s, when an unknown printer took a galley of type and scrambled it to make a type specimen book.

ПРАШАЊА

Објасни на кратко како функционира Е-трговијата

Суштината на е-трговијата се базира на користење на интернетот како средство преку кое продавачот и купувачот комуницираат и го склучуваат договорот за купопродажба, односно се врши нарачката и плаќањето на производите и услугите.

Кои се засегнати страни во Е-трговијата

  • Продавач
  • Програмер
  • Купувач
  • Систем администратор
  • Банка
  • Платежен процесор

Кои се карактеристиките на Е-трговијата во Македонија

Наредете ги по ред факторите за успех во Е-трговијата

  • Можност за онлајн купување
  • Следење на модните трендови
  • Брзо приспособување на потребите на пазарот
  • Понатамошно следење на конкуренцијата и не заостанување зад нив

За што би требало еден претприемач да ја користи мејл комуникацијата?

  • Испраќање порака за продолжување со нарачката или корисник кој одамна не искористил ниедна услуга
  • Испраќање секојдневни пораки
  • Испраќање на порака како потсетување за користење на услугите

Како ќе помогнат AR и VR во иднината на Е-трговијата?

  • Генерирана претстава за физичкиот свет
  • Генерирана претстава за 3D анимација
  • Генерирана претстава за реалниот свет

Колку години биле потребни за изградба на сигурносни протоколи?

  • 5 години
  • 3 години
  • 7 години

Поврзете ги стратегиите за успех со соодветните термини

  • Фокус на мал маркет
    Занемарување на гигантите
  • Развој на конкретна област
    Купување преку социјални мрежи
  • Критики на клиенти
    Репутација на компанијата
  • Користење на зборот „Бесплатно“
    Гратис продукт добиен надвор од нарачката

Од кои термини е составен терминот Е-трговија?

  • „електронска“ и „трговија“
  • „електрика“ и „трговец“
  • „електронска“ и „трговец“
  • „електрика“ и „трговија“

Која од следниве фотографии најдобро ја опишува директната Е-трговија?