Интернет базирано учење на далечина

Целта на овој курс е да се осознае структурата и функцијата на Интернетот во процесот на учење на далечина, како и да се опишат различните начини на коишто тој може да се употреби во овој процес.

Што е Интернет и зошто е важен ?

Неколку зборови за Интернетот


Архитектура на интернетот

На сликата лево е прикажана графичка репрезентација на структурата на Интернетот.Моделот е составен од 4 основни нивоа на сервиси


Дали зборовите „Internet“ и „World Wide Web“ се едно исто?

Одговорот е „НЕ“. World Wide Web e достапен преку веб прелистувачи и е само една употреба на Интернетот. Пример голем број на e-mail апликации се пристапливи преку веб прелистувачите, но некои како Microsoft Outlook, Eudora и FirstClass работат на принцип клиент-сервер.


Еволуцијата на учењето на далечина

Радиото, телевизијата и телефонот се „исто време, различно место“ технологии односно тежнеат кон синхроно предавање.

Интернетот е всушност основата за појавата на асинхроното онлајн учење односно „на различно место, во различно време“. 

Основи на Интернет базираното учење на далечина

Student-centered learning

Традиционалното учење, во училница, се карактеризира со два извора на содржина , учителите и книгите. Учителите држат лекции, учениците слушаат и запишуваат, за подоцна на тест да го покажат она што го научиле. Ваквиот модел е teacher-centered модел и сеуште се применува денес.

Со компјутерот и Интернет базираните технологии се појавуваат нови начини за учење. Ваквата филозофија на учење е уште позната како student-centered learning затоа што силно промовира активно учење, соработка, познавање на материјалот и контрола на студентот врз процесот на учење. 

Distributed learnig

Претставува инструкционален модел кој дозволува инструкторот, студентите и содржината да бидат лоцирани во различни нецентрализирани локации, така што инструкциите и учењето ќе се случат независно од времето и местото. Овој тип на учење може да се комбинира со традиционално училница-базирано учење, со традиционалните курсеви на далечина или може да се користат виртуелни училници.

Предности на онлајн учењето

  1. Компонентите на асинхроните курсеви се достапни 24 часа на ден и независни од временската зона
  2. Технологиите се лесни за користење од страна на студентот
  3. Мaтеријалите за учење се достапни на интернет
  4. Материјалите се лесни за ажурирање и претставуваат лесен пристап до најновата информација.

Ограничувања на онлајн учењето

  1. Има поголема нагласеност на технологијата отколку на содржината и можностите за учење
  2. Не сите студенти имаат цело време пристап до интернет
  3. Не сите ја познаваат технологијата за учење
  4. Нема моментален feedback од страна на инструкторот

Најди ја соодветната транзиција на термините од teacher-based learning(лево) во student-based learning(десно)

  • Држење лекции
    Предавање
  • Присуство
    Логирање
  • Натпреварување
    Соработка
  • Пасивно учење
    Активно учење
  • Книги
    Прилагодени материјали

COURSE MENAGMENT SYSTEMS

Што е CMS?

Course Menagment System претставува систем за дистрибуирано учење кое им овозможува на инструкторите да обезбедат материјали за учење и активности поврзани со курсот како што се дискусии, тестирање, оценување и слично. Course Menagment System често се поистоветува со LMS ( Learning management systems) кој претставува различен поим. Основна разлика е тоа што CMS се фокусира на доставување на курсевите, додека LMS се фокусира на индивидуата, следењето на потребите за учење, постигнување на резултатите на подолг временски период.

Компоненти на CMS

Course Menagement

Course Menagement компонентите вклучуваат наставна програма, календар, објавувања, инструкции за задачите и сл. Исто така овозможува „платформа“ за оценки, каде што може предавачот или самиот CMS автоматизирано да поставува оценки според резултатите од квизовите, и ученикот да има можност да ги види тие оценки.

Readings

CMS овозможува алатка за листање на бараните или препорачаните материјали, со линкови до оние материјали кои можат да бидат најдени онлајн.

Content presentation

Многу факултети одржуваат архиви на лекциите онлајн за студентски да можат да ги прегледуваат. Линкови до вградени медиуми, како што се аудио и видео, графика,фотографски слајдови и PowerPoint презентации, исто така, може да се одржуваат за да помогнат на учениците во нивните студии надвор од училницата.

Course Communications

Комуникациските алатки кои се спакувани во CMS вклучуваат асинхрони е-пошта  на неколку нивоа, еден-на-еден, еден-на-повеќе, еден-на-сите. Повеќето CMS системи, исто така, содржат форуми за разговор и дискусии во реално време.

Group Project Space

Системот му овозможува на инструкторот да креира групи и да внесува ученици во групи. Во рамките на групниот простор, членовите можат да разговараат или разменуваат електронска пошта и да споделуваат документи за групна дискусија и ревизија.

Student Assessment

Речиси сите CMS обезбедуваат алатки за испити и квизови.Некои, исто така, овозможуваат само-помош или практикуваат квизови кои не се дел од оценувањето.Вградените алатки им овозможуваат на инструкторот да генерира прашања во различни формати (на пр., True-false, повеќекратен избор, повеќекратен одговор, совпаѓање, краток одговор, есеј), да поставува време кое почнува штом студентот ќе го започне квизот, како и опција за рандом селектирање на прашања за секој студент.

Course Evaluation Tools

Алатките за оценување на курсот се релативно ретки, но се вклучени во некои CMS. Овие алатки се специјално за самиот курс, а не за оценување на учениците. Инструкторите можат да ги прилагодат множествата на прашања. Системот ги компајлира евалуациите и обезбедува статистички анализи и извештаи.

Course and System Statistics

Некои системи содржат алатки за следење што овозможуваат инструкторот да дознае прецизно кога секој студент пристапувал компоненти на курсот,колку често, и колку време е потрошено на некоја задача. Овие алатки се исклучително корисни за факултетот во идентификување на учениците кои заостануваат во курсот

Алатки кои го подржуваат Менаџирањето на онлајн курсевите

Homework Collection and Grading

Оваа категорија на производи ги вклучува производите кои им овозможуваат на наставниците да собираат, оценуваат и враќаат домашни задачи на интернет. На пример,  WebAssign развива голема база на прашања од поглавја на крајот од популарните учебници, од кои наставниците можат да одберат прашања за домашните задачи.

Plagiarism Detection

Со појавата на Интернетот и можноста за додавање на секаква содржина онлајн, се зголемува шансата студентот да го ископира одговорот на прашањето или решението на проблемот кој му е доделен. Според статистиките голем број на ученици и студенти се служат со ваков начин на работа, а некои пак го искористиле тоа за да направат сервиси за детектирање на плагијаризам.  Сепак освен тие така наречени сервиси постојат методи и начини да се влијае на студентот да не се служи со такви „нечесни работи“.

CMS(Course Menagment System) е исто што и е LMS (Learning Menagment System)

  • Точно
  • Неточно

Од која компонента на CMS e овозможено да инструкторот го следи работењето на одреден студент

  • Course Evaluation Tools
  • Group Project Space
  • Course and System Statistics.
  • Content Presentation

WEB 2.0

Blogging


Претставува форма на онлајн репорти која нуди опција на секој човек да објави нешто на интернет. Блоговите се одлична алатка за студентите да искажат свое мислење за содржината на курсот или извештај за активностите за време на учењето на далечина

Wikis


 Wiki e онлине простор за пишување дизајниран за да биде креиран и едитуван од група на луѓе. Wiki е одлична алатка за групно пишување и собирање информации на едно место. Достапни се за сите и не претставуваат трошок за едукативните институции.

Podcasting


Претставува процес на снимање и зачувување на аудио или видео содржини на Интернет за симнување и плејбек. Професорите на колеџ ги користат за да ја прикажат содржината на лекцијата преку снимки.

Други форми на креирање на содржина

Во раните 2000ти само веб мастерите и луѓето авторизирани да креираат веб сајтови можеа да стават информации на Веб. Главна карактеристика на 2.0 е тоа што секој може да постави содржини на интернет без знаење за веб страни или дизајн алатки и методи.Покрај блоговите и Wiki, тука е и Youtube кадешто секој може да постави видео содржина. Многу од луѓето кои поставуваат видеа се студенти, а исто така и голем број на факултети објавуваат видео базирани лекции за да може да бидат гледани од секој кој сака да научи. 

Social bookmarking

 За првпат е воведено во 2006та година. Ние во нашите прелистувачи најчесто ги чуваме најчесто посетуваните страници во bookmarks. Концептот на social bookmarking преставува web сајтови како del.icio.us каде луѓето ги поставуваат своите bookmarks за да може другите да ги гледаат. И постои систем преку кој може да се пребаруваат bookmarks за одредена тема кои другите ги поставиле како интересни. Концептот е нешто слично како Google, но составен само од сајтови кои другите сметаат дека се добри, а не општо од сите.


Social networking

Oвој концепт овозможува развој на онлајн заедници низ поставување на текстови, фотографии, лајкови инт и овозможуваат комуникација за луѓе со слични интереси. И овие социјални мрежи имаат голем потенцијал за учење преку нив.

Virtual worlds

Виртуелна реалност е прилично нов концепт, воведен е првпат во 1950 и тогаш се правеле некои компјутерски генерирани симулации, но денес се користи многу повеќе со помош на вебот и новите технологии се изработуваат компјутерски симулации за места кои не можеме да ги посетиме како: планенета Марс или внатрешните органи на човековото тело. За изработка на истите бара многу време и напор

Темелите (принципите) на учењето онлајн

Принципите на онлајн учењето од гледиште на предавачот/инструкторот

Иднината на интернет базираното учење на далечина

Растење на вируелните училишта и универзитети

K-12 Иницијативи

Виртуелните училишта на К-12 ниво имаат голем раст. Според некои извештаи виртуелното учење не е веќе експериментално и ново туку брзо постанува прифатлив едукациски механизам.К-12 е всушност термин кој го означува периодот пред колеџ , односно од 1ви до 12ти клас.

Виртуелните училишта нудат многу предности на учениците. Тие им овозможуваат на учениците кои физички не можат да посетуваат настава, да можат истото да го прават од дома. Исто така им помагаат на луѓето кои доааѓаат од подалечни места и локации. Сепак можеби како една негативност се смета недостатокот на интеракција face-to-face со другите ученици.

Импактот на Open Source

Open Source софтверот има за цел да биде слободно споделуван и подобрен, па повторно споделен на другите. Кодот во кој е напишан овој софтвер е слободен и достапен за секој да прави што сака со него се додека е во рамките на некои стандарди. Всушност Оpen Source не значи и нелиценциран софтвер. Софтверот е лиценциран но условите на лиценцата се посслободни и пофлексибилни.

Постојат голем број на open Source CMS коишто можат да бидат лиценцирани од едукациски организации без трошок за лиценцата. За пример се зема Moodle кој е Австралиски Open Source CMS којшто денес е достапен на 75 јазици и е широко распространет.Повеќе од половина CMS коишто се денес достапни, се Open Source.

Напредокот во High-Speed Networking

Internet 2  како проект е реализиран во 1996 година и сега има повеќе од 300 членови, вклучувајќи едукативни институции и корпорациски партнери. Internet 2 (I2) има 3 цели :

  1. Да креира лидерска мрежна способност за националната истражувачка заедница
  2. Да овозможи револуционерни Internet апликации.

  3. Да обезбеди брз трансфер на нови мрежни услуги и апликации на пошироката интернет заедница

Да се забележи дека целта на Internet 2 не е да го замени Internet !

Internet 2 има голема улога во учењето на далечина. Нуди неверојатен потенцијал за real-time доставување на инструкцијата или предавањето  во видео формат, како и големи streaming способности во асинхроно онлајн предавање. 

Напишете Ваше мислење како би изгледало и би се подобрило учењето на далечина во иднина

Прашања??

Кои од следниве се компоненти на CMS?

  • Student Assesment
  • Blogging
  • Readings
  • Course content
  • Social bookmarking
  • Moodle

Од колку основни нивоа на сервиси е составен моделот за структурата на Интернетот?

  • 2
  • 4
  • 5
  • 7

Една од главните цели на Internet 2 е да го замени Internet

  • Точно
  • Неточно

Основни принципи за предавачот во онлајн курсот

Секој курс      да има книга по која ќе се раководи и ќе се одвива. 

Пред почетокот на секој курс, потребно е предавачот да одржи    на учениците за користење на веб сајтот на курсот

Резултатот кој се очекува од студентот на крајот од курсот  на начинот и редоследот на којшто ќе се одвиваат активностите на курсот

 

 

Што од следните изрази е предност,што недостаток, а што не е поврзано со онлајн учењето?

  • Предност
    Материјалите за учење се достапни на интернет
  • Недостаток
    Нема моментален feedback од инструкторот
  • Не е поврзано со онлајн учење
    Инструкторот мора да биде постар од 45 години

Open Source софтверот е :

  • Нелиценциран софтвер
  • Лиценциран софтвер
  • Не постои Open Source софтвер денес

Дали distributed learning може да се комбинира со традиционалното учење?

  • Да
  • Не

Доколку користиш CMS сега, кои компоненти сметаш дека ти се најпотребни како ученик?

Кои од WEB 2.0 технологиите ги користиш секојдневно?

Дали си се занимавал со плагијаризам во текот на твоето учење?

  • Да, повеќе пати
  • Да, еднаш
  • Не, никогаш